Ахмети останува осамен во мислењето дека Алфа телевизија и нејзините гледачи шират албанофобија

Партиите од албанскиот политички блок не се согласуваат со Али Ахмети дека Алфа телевизија шири анти-албанска пропагадна. Потребни се цврсти докази и одлуки од надлежните институции за да се прогласи една телевизија за антиалбанска, а етикетирањето на медиуми е срамен и скандалозен напад врз демократијата и слободното изразување. Според нив, квалификациите на Али Ахмети за телевизијата се тешки и неприфатливи. Од Алијанса за Албанците, иако не сакаат да коментираат изјави на други политичари, се децидни дека функционерите мора да бидат поодговорни и повнимателни на јавните настапи и немаат никакво право да етикетират или напаѓат медиуми според нивни лични перцепции.

За да се прогласи една телевизија за антиалбанска или слично, за тоа треба да има цврсти докази или одлуки од надлежни институции. За нас тоа е тешка кфалификација и не е прифатлива. Не само Алфа, туку моментално кај нас нема ниту една телевизија која би можела да се прогласи како анти албанска или слично. Функционерите можат да не се согласуват со содржими и затоа имаат право на демант, жалба, поплака до медиумот и до надлежните тела ако се чувствуваат дека им е направена неправда или штета со одреден медиумски материјал – велат од Алијанса за Албанците.

Oд движењето БЕСА велат дека не е нивна работа да коментираат која телевизија каква е, но јавните фунцкионери во никој случај не треба да прават листи на омилени и непријателски медиуми.

Движењето БЕСА смета дека етикетирањето на дел од медиумите за непријатели од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети, е срамен и скандалозен напад врз демократијата и слободното изразување. Ова треба да се осуди од страна на релевантните субјекти (ЗНМ, Совет за етика во медиумите.) Јавните функционери во никој случај не треба да прават листи на омилени/ неомилени (непријателски) медиуми, односно да го коментираат нивниот начин на работа  – велат од БЕСА.

Претходно, и претстедателот на Алтернатива, не сакаше да ја коментира изјавата на Ахмети но и таа Ковачевски дека имало телевизии кои наликувале на енергетска компанија или на сектор за комуникации на политичка партија. Африм Гаши вели имале добри односи со сите медиуми, и потребна била реципрочна интеракција.

Ние имаме добри односи со сите медиуми и сме отворени кон сите и треба сите да имаме реципрочна интеракција едни кон други, не би коментирал што другите политичари зборуваат кон вас – вели Гаши.

АЛФА се обиде да стапи во контакт и со првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, но не одговори на нашите повици и пораки. 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во својата скандалозна изјава ги посочи националните телевизии Алфа и Телма како непријатели на Албанците, по што, во својата втора изјава проба да се оправда, дека мислел на гледачите на овие телевизии а не на новинарите и другите вработени.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста