Ахмети и ДУИ во небрано – БЕСА и Алтернатива со „Обединети за ЕУ“ ќе се спротивстават на „Фронтот за Европа“

Нов удар за Ахмети, неговата позиција како лидер на албанскиот политички блок се повеќе ја губи силата – на повидок здружување на капацитетите на албанските партии кои не се дел од Владата.

Беса и Алтернатива се посериозно разговараат за меѓусебна соработка. Од Алтернатива велат дека првичните контакти даваат надеж оти првата соработка меѓу двете партии може да биде во рамки на Собранието. Партијата на Гаши вечерва подетално на состанок ќе разговара за соработката со нивните довчерашни сопартијци од движењето на Касами.

Дел од аланитичарите се децидни, интегративците се соочуваат со голема опасност, се поверојатно е губење на огромен дел од гласовите на нивното конто.

  • Сегашниве околности наметнуват една таква сооработка односно обединување, не само помеѓу Беса и Алтернатива, туку и помеѓу другите албански опозиционерски чинители. Тука алудирам и на “Огнената Група” на Изет Меџити, која ќе биде и најголемиот удар, ако не и клучниот, за Али Ахмети, и евентуално Алијанса на Албанците, каде има големо незадоволсто и покрај тоа што станаа дел од Владата на Груби и Ковачевски. Со еден ваков спектар на опозиција кај албанскиот електорат, не само што ке земаат многу гласови, туку најсериозно ќе се загрози ДУИ. Албанците веќе долги 20 години очекуват промени и кај албанскиот дел од власта“вели за Алфа, Фејзи Хајдари – аналитичар..

Дека соработката на албанската опозиција се засилува и се формура еден блок против ДУИ и нивното владеење, е и последната неофицијална информација дека Беса, Алтернатива и неколку невладини организации формираат контра блок од оној на Ахмети, Фронт за ЕУ. Гласините се дека блокот ќе се вика „Обединети за ЕУ“. Незадоволните од ДУИ  засега не се дел од овие проекции, но не се исклучува можноста за нивно приклучување на иницијативата, докoлку добиват „црвен картон“ од Мала Речица.

  • Најголемиот удар на ДУИ според сите проценки и показатели, во идните избори ке им зададе “Огнената група” на Меџити, без да ја негираме моќта и влијанијето на БЕСА и Алтернатива. Велам “Огнените”, оти токму тие според последните мерења (анкети) кај албанската популација (анкетата на Институтот “Арбер Џафери спроведена со 1000 граѓани албанци), покажа дека уште денеска да има избори, “Огнените” од ДУИ би зеле околу 32% од гласовите. Да не зборам утре кога ке формират политички субјект или како се најавуваа некое Движење, процентот може да расте уште повеќе…вели за Алфа, Фејзи Хајдари – аналитичар.

Дека на Ахмети не му оди најлесно во последно време кај гласачите, покажува и последното случување во кумановско Слупчане, каде на комеморативна церемонија по повод смртта на поранешните припадници на ОВК, на која присуствувал лидерот на ДУИ, Али Ахмети како што објавија дел од албанските медиуми, татко на погинат припадник на ОВК, не му дозволил на Ахмети да стави цвеќе на гробот од неговиот син. Тој само со раката му дал знак да продолжи понатаму.

Хајдари за Алфа вели дека токму ситуациите како вчерашната, конкретно го манифестират незадовоството на албанците со долгогодишното владеење на Ахмети.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста