Архитектот Зачев: Нестручност и грабеж е идејата да се конфискуваат дивоградбите, наместо да се уриваат

Предлогот за конфискација на дивоградби,наместо нивно рушење не само што е тендециозен и крајно нестручен,туку е грабеж. Конфискацијата на бесправно изграден објект како можност ја има во законот откако постои оваа држава,но до сега никогаш не се применил-објаснуваат познавачите на приликите коментирајќи јаидејата која ја иницираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.За ова тој доби дури и поддршка од министерот за правда кој ќе работел на изнаоѓање законско решение со кое би се конфискувале дивоградбите.

Конфискација е опасна работа, oпшто за општеството е опасна работа.Штом ти некому му го одземаш објектот,го бркаш а тој го направил да речеме за хотел ти му го земаш, му го конфискуваш како хотел зошто му го земаш?Дај му шанса тој нека работи, нека плати што треба,или ако не може да се легализира Бога ми нема да го кофискуваш према тоа конфискација е пљачкање, немам друг израз-вели архитетот Димитар Зачев.

Одземање на објекти и нивна пренамена за потребите на општините е тешко дело,вели Зарчев за кого е несфатливо како се дозволило во дражава да се изградат околу 300.000 дивоградби кои сега добија можност да се легализираат наместо да се рушат. Прашува како конфискацијата ќе се спроведува во Охрид, каде на атрактивни локации дури и во заштитени подрачја се изградени дивоградби, на пример кај студенчишкото блато или во населбата Канео која како што потецира се’ е градено на диво-дали таму ќе се руши или конфискува?

Тој не смее да се донесе закон во нормална земја таков закон не може да се донесе затоа што не може да дојде до таква ситација, може да се случи екстремно,некој единствен случај.Што правеле тие до сега што наеднаш дојдоа на идеја за конфискација зошто не го стопирале или чекале да го изгради за да му ги земат? Нема логика”-додава Зарчев

Ние треба да се бориме против неизвршувањето на пропишаните законски одредби, нема министерство што не е вклучено во овој циркус со нелегална градба,имаме неодговорни служби и на централно и на локално ниво кои постапуваат задоволувајќи потреби на поединци со цел што повеќе да се профитира-отворено вели нашиот соговорник.

Градоначачникот на Охрид, Пецаков воздржан вели туку така не се носи толку чувствителен закон ,не сум сигурен дека тоа е насреќно решение во моментов.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста