АРХЕОЛОЗИТЕ предупредуваат: Автопатите ќе поминуваат низ најбогатите археолошки локалитети

Културното наследство има непроценлива вредност, многу поголема од сите партии и политики во светот, предупредуваат археолозите во однос на засега непознатата траса на коридорите 8 и 10. Од она што е познато автопатите ќе поминуваат низ најбогатите региони со архелошки локалитети во земјава. Иако засега трасата не е означена сепак археологот Перо Арџанлиев апелира до сите надлежни за изградба на коридорите, да не заборават дека таму каде што ќе се копа, постои големо културно наследство кое не и припаѓа само на Македонија, туку и на светот. Нашата земја уште во 2006 година ја ратификуваше Европската конвенција за заштита на културното наследство.

Имам апел до компанијата и сите чинители, прво да се консултираат со археолозите, за да не прават финансиски трошоци, вели Перо Арџанлиев, археолог од Археолошкиот музеј на Македонија.

Изградбата на коридорите предизвика потреба од измена во 9 закони. Од нив беше повлечен само предлогот за измени во Законот за заштита на културното и тоа по реакции на археолозите и на пошироката јавност кои имаа замерки надлежниот инжењер за изградба да ја преземе одговоноста за известување при евентуално пронаоѓање на локалитет. Според Арџанлиев, законот е повлечен бидејќи ни самата компанија не би сакала да си направи дамка во своето „

„При секоја ваква инфраструкрурна активност, наоѓаме нови локалитети, да не замисли да се екипираме сите како би го заштитиле културното наследство“, вели Перо Арџанлиев, археолог од Археолошкиот музеј на Македонија

За системска и организирана заштита на културното наследство треба под итно донесување на нов Закон за заштита во кој ќе бидат вградени сите меѓународни конвенции што нашата држава ги прифатила и ратификувала, коментираат археолозите.

Денеска пред Археолошки музеј на Македонија раздвижено. Домашни и странски туристи го користеа бесплатниот влез во Музејот по повод светскиот ден на локалитети и културни наследства.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста