Артан прв вицепремиер, Ветон трупа богаство: Братот на Груби си купил деловен објект од половина милион евра во строиот центар на Скопје

Едниот брат прв вицепремиер, другиот трупа богатсво. Додека Артан Груби е прв заменик на Димитар Ковачевски, Ветон Груби станува сопственик на атркативен деловен објект од 127 квадратни метри во строгиот центар на Скопје, поточно на улица Македонија, простор кој според цените на пазарот вреди меѓу 400 и 500 илјади евра. Ова го открива опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во серијата скандали кои ги откриваат за Груби последниве денови.

-Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание? Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Никој од надлежните не покренува некаква постапка против Груби. Помалку чудно тоа не го може ниту вицепремиерката задолжена за политики за добро владењее Славица Грковска, во чиј делокруг на работа и е корупцијата. Таа немала надлежност да испитува дали некој функционер сторил кривично или прекршочно дело, можела само да испитува дали бил прекршен етичкиот кодекс.

-Моите ингеренции се однесуваат само во делот на почитување на етичкиот кодекс. Кривична и секаква друга одговорност е во рацете на други органи. Ние не сме истражен орган, не сме орган од друг тип кој што може да носи одлуки од друг тип, да утврдува друг тип на одговорност, изјави Грковска.

А и кога е етичкиот кодекс во прашање и тука нема некоја голема моќ, може само морално да ги опомене функционерите кои го прекршиле, како што беше случајот со оние од ДУИ, кои злоуптребија службени возила во партиски цели. А тоа го сторила во случаите со Груби, Бујар Османи и Насер Нуредини, кој повеќе не е министер, но не поради етиката, туку поради новиот коалиционен договор на СДСМ- ДУИ- Алијанса. Дали ако првиот вицепремиер и министерот за надворешни работи, повторно го прекршат ќе побара нивно разрешување, Грковска не одговори.

-(Кажавте дека имате можност ако некој втор пат го прекрши да му кажате на премиерот, дали ако Бујар Османи втор пат го прекршат можеби би побарале и нивно разрешување од функциите?) Тоа што е моја обврска е доколку го прекшрат, веднаш да го информирам премиерот дека го прекршиле и дека не постапиле согласно првата опомена, а потоа е на премиерот да одлучи за каква мерка ќе се одлучи во втората фаза од постапката, изјави Грковска.

За можни криминални дејствија на Груби долго време обвинува и фракционерското крило на партијата на Ахмети, предводено од Изет Меџити и Муса Џафери. Откривањето на скандалите за првиот вицепремиер беше причина и ДУИ да влезе во отворена војна со ВМРО-ДПМНЕ. Објавувањето на овие афери според интегративците ја правеле најголемата опозициска партија двигател на антилбанскиот наратив во Македонија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста