Артан Груби „црна овца“ во ДУИ: Видни партиски членови повторно бараат одговорност од главниот играч на Али Ахмети

Груби главен внатрепартиски проблем на ДУИ. Повторно видни членови, посебно од скопското крило на интегративците гласно проговореа против првиот вицепремиер и главниот човек на Ахмети во власта. Група предводена од Изет Меџити и градоначалниците на Чаир и Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети, бараат одговорност од првиот вицепремиер.

Ова не е прв пат токму крило предводено од Меџити да бара одговорност од Груби. А тоа беше покажано и преку партиската говорница, пратеникот на ДУИ постави пратенички прашања. Без одговор од првиот вицепремиер останаа прашањата поставени во декември 2020 година за индустриската зона во Визбегово, за соодветната застапеност во приватните компании и реализацијата на ветувањата дадени од ДУИ.

-Ние како пратеници од мнозинството сносиме одговорност за работата на оваа Влада. Ние гласавме за оваа Влада и заедно со вас ќе излеземе пред граѓанинот. Не е добро што ниту едно од овие ветувања не е реализирано во првите 100 дена. Мислам дека треба да размислиме и ветувањата што ги даваме да ги реализираме за да излеземе со чист образ пред нашиот граѓанин, велеше тогаш Меџити.

Изразуваат незадоволство од неговата работа, велат тоа предизвикало пасивност кај гласачите, а тоа го ставаат и како причина што биле изгубени локалните избори во Тетово. Меџити и во мај 2021 порача дека Груби треба да биде надвор од Владата на ДУИ и СДСМ, а покрај него дека треба да замине кажа и за Бујар Османи.

-Јас со надлежност можам да зборувам околу Скопје, Чаир, ограноци на кои се важни и придонесувале во оваа победа со 1/3 од гласовите. Мислам дека господинот Груби и господинот Османи не се тие кои кредибилно може да го застапат електоратот на ДУИ, изјави Груби.

Меѓу видните членови на интегративците потпишани во писмото преку кое се бара одговорност од Груби, се и пратеничката Мелита Колчи Коџаџику, поранешниот вицепремиер Изет Меџити и екс градоначалник на Гостивар Невзат Бејта.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста