Артан Груби се пофали на социјалните мрежи – Полицијата веќе е двојазична

Вицепремиерот Артан Груби на социјалните мрежи се пофали како згледаат полициските униформи и симболи испишани и на албански јазик.

„Уште една успешно завршена мисија, како што ветивме! Веќе се спроведуваат во пракса измените на Уредбата за употреба на албанскиот јазик во полициските униформи и нивните симболи кои ги усвоивме претходно на владина седница“, напиша Груби на Фејсбук.

На униформите кои се предвидува да се употребуваат во општините каде најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат албански јазик, сега полиција пишува и на македонски, и на албански и на англиски јазик.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста