Артан Груби – Главен координатор за мега проектите вредни милијарди евра

Сите инфраструктурни проекти во кои се вртат милијарди евра одат во рацете на Артан Груби. Покрај изградбата на делниците од Коридорите 8 и 10Д, вицепремиерот ќе ја координира градбата и на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Албанија и со Косово.

Ова било одлучено на денешната владина седница.

„Владата го назначи Артан Груби, прв заменик на премиерот, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација“ се наведува во соопштението од владината прес служба.

Со ова Артан Груби дефинитивно има најмногу функции во актуелната власт. Тој е прв вицепремиер, тој е министер за политички систем, но тој сега е и главен координатор за инфраструктурни инвестиции. Артан Груби веќе најави дека има амбиции под своја капа да ја преземе и Агенцијата за млади и спорт каде се вртат милиони евра како субвенции за спортистите и клубовите.

Нејасно е какава врска има спроведувањето на Рамковниот договор и стабилноста на политичкиот систем со автопатишта, железници, спортисти и клубови. Единствено нешто што ги поврзува што ги поврзува сите овие нешта се само огромните суми пари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста