Антикорупциска: Законите носени за Бехтел и Енка со европско знаменце се политичка корупција

Законите носени за Бехтел и Енка со европско знаменце се политичка корупција, велат од Антикорупциската комисија.

Од таму велат дека немаат никаква алатка во раце со која може да ги натера институциите и службените лица да ги почитуваат иницијативите и мерките. Употребата на европско знаменце, носење закони по скратена постапка, носење специјални закони што ги негираат сите други закони е политичката корупција што ни се случува.

Во овој случај комисијата само ќе укаже дека има некоја слабост и на крајот пак тоа продолжува. Појдовна точка е дека ваквиот закон со злоупотреба на политичка волја е спротивно на европските стандарди, рече членот на ДКСК, Нури Бајрами одговарајќи на прашањето до каде е работата со предметот за договорот со „Бехтел и Енка„.

Членот на ДКСК, Катица Николовска на денешната седница се надоврза дека се работи на предметот, кој е комплексен и бара многу време и ресурси, но оти имаат проблем со обезбедување на целокупниот договор, бидејќи е доставен само делумно. Таа смета дека најголемиот проблем е што се озаконува корупцијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста