Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во водство, граѓаните против Договорот со „Бехтел и Енка“

Доколку идната недела се одржат парламентарни избори, убедлив победник на истите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања. Според мерењата на мислењата на народот, партијата на Мицкоски, ужива повеќе од 7 проценти доверба од партијата на Ковачевски, односно за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20% од испитаниците, а за СДСМ 12,9. На трето место е рангирана ДУИ.

Ниедна 18.3 %

Не сака да каже 14.6 %

Не знам / Не одговорил 14.7 %

СДСМ 12.9 %

ВМРО-ДПМНЕ 20 %

ДУИ 6.5 %

БЕСА 2.3 %

Алијанса за албанците 2.6 %

Алтернатива 1.4 %

На прашањето – во кој политичар имаат најголема доверба, на прво место е Христијан Мицкоски кој ужива речиси три пати повеќе доверба од актуелниот премиер Димитар Ковачевски, односно за Мицкоски се изјасниле 13.5 проценти, а за Ковачевски само 5, што според анкетата го рангира премиерот на трето место според изјаснувањето на испитаниците, на второ место е Ахмети со 6.6 % доверба.

Ниеден 39.7 %

Друг 3.4%

Не знам / не одговорил 12.1

Зоран Заев 1.5

Христијан Мицкоски 13.5

Али Ахмети 6.6

Африм Гаши 1.3

Билал Касами 2.2

Димитар Ковачевски 5

Покрај мерењето на мислењето за партиите и довербата во политичари, ИИС во својата анкета, анкетира и за актуелниот договор со Бехтел и Енка, односно на прашањето дали го поддржувате или сте против договорот со „Бехтел и Енка“ во сегашната форма како што беше потпишан од страна на Владата? 45,1 отсто рекле дека се против договорот за изградба на автопатските делници, 24,8 го поддржуваат, а 30,1 отсто не одговориле.

Кога одговорите на испитаниците ќе се разложат според етничката припадност на анкетираните, договорот на Владата со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ужива поголема поддршка кај испитаниците Албанци.

На прашањето Според вас дали договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатишта е добар и треба веднаш да се реализира или во него има корупција и мора да биде променет, повеќе од полонина од анкетираните етнички македонци се изјасниле дека договорот е коруптивен.

Анкетата е спроведена од ИПИС за сопствени потреби, реализирана е преку телефонско анкетирање  во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1 112 полнолетни испитаници.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста