Анкета ИПСОС: ВМРО ДПМНЕ со двојна предност над СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ, а Димитар Ковачевски доби оценка единица. Ова го покажува најновата анкета на ИПСОС.

На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,7% од испитаниците, за СДСМ  9,5%, ДУИ 6,2%, Левица 5,9%, Алијанса за Албанците 2,8%… Не би гласале 12,2 отсто од испитаниците, без одлука се 22,5 отсто, а одбиле да одговорат 17%.

58% од испитаниците не го поддржуваат францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Поддршка дале 26%, а одбиле да одговориле 16%.

36 отсто од испитаниците дале оценка 1 за досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија. Двојка дале 15 отсто од испитаниците, тројка –  20%, многу добар е премиерот сметаат 11% од испитаниците, а дека е одличен – 8%.

Граѓаните на Македонија и натаму сметаат дека најголеми проблеми за државата се економијата (економската состојба/финансиите)  20%, лошиот стандард 16%, францускиот предлог/Бугарија 8%, невработеноста 7%, политика, политичка криза, партизираното општество 4%, корупцијата и криминалот 4%, здравството 3%, проблеми со идентитетот на државата 2%, промената на името 2%, меѓуетнички односи 1%, влез во ЕУ, евроинтеграцијата 1%.

Инаку, ова е теренска анкета спроведена од агенцијата ИПСОС, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста