„Анима Мунди“ до премиерот: Не ни треба Брисел, ниту се неопходни пари – со Закон да се забрани напуштање миленик

Не е неопходен Брисел, ниту се неопходни пари, за по итна постапка да го измените Законот за заштита на животните, реагираат од Здружението „Анима Мунди“, за најавата на премиерот Димитар Ковачевски дека за проблемот со бездомните кучиња, државата ќе бара помош од ЕУ. Од таму велат дека со години се справуваат со последиците, се убиваат животни, страдаат граѓаните, се трошат енормни пари, но не ги третираме причините, изворот на проблемот – неодговорното сопствеништво, размножувањето и напуштањето.

  • „Анима Мунди“ во 10 наврати доставува предлог измени и дополненија на Закон за заштита и благосостојба на животни, усогласени со најуспешни ЕУ практики, поддржани и од ЕУ арламентарци, кои во континуитет се игнорирани, а истите дефинираат мерки за контрола, сузбивање, надминување на проблемот, велат од „Анима Мунди“.

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека сите барања на „Анима Мунди“ се легитимни и тој во целост ги поддржува. Тој вели дека му дал налог на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, да подготви сосема нов закон за миленици, во кои ќе биде опфатени барањата на организциите за заштита на животните.

  • Барањата се легитимни и ќе се подготви нов Закон кој ќе ги опфати сите услови за чување на домашни миленици, почнувајќи од чипирањето. И јас чувам куче и знам како е. Во однос на кучињата скитници, сметам дека е време и градоначалниците да си ја вршат својата работа и да поведат грижа за тоа што им се случува на нивните улици. Не ги биравме градските татковци, постојано да се жалат, туку да работат, поентираше Ковачевски.

„Анима Мунди“ вчера го потсети премиерот дека во 10 наврати доставува предлог измени и дополненија на Закон за заштита и благосостојба на животни, усогласени со најуспешни ЕУ практики, поддржани и од ЕУ парламентарци, кои во континуитет се игнорирани, а истите дефинираат мерки за контрола, сузбивање, надминување на проблемот. 

Инаиу, надлежните со години немаат ефикасно решение за проблемот за хаосот со уличните кучиња. Колкав е тој доволно покажува скандалот во Струга каде жител со пушка ги убиваше недолжните животни по улиците, или во Скопје каде редица граѓани пријавуваат напади од кучиња. Но, проблемот не е во кучињата, туку во надлежните кои ги нема никаде. Проблемот со уличните кучиња е работа и на локалните власти кои мора да покажат сериозност и да поработат во решавње на проблемот.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста