АНГЕЛОВСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА ФУДБАЛЕРИ НА КОИ ЌЕ СМЕТА ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ДУЕЛИ СО ЕРМЕНИЈА И ГРУЗИЈА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ

Селекторот на македонската фудбалска сениорска репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за престојните два меча од новото издание на Лигата на нации. Нашиот А национален тим следниот месец ќе се соочи со селекциите на Ерменија и Грузија. На листата која содржи 23 имиња се наоѓаат оние кои и досега ги гледавме во националниот дрес, со исклучок на Ферхан Хасани кој е позитивен на Ковид 19, односно повредениот Тихо Костадинов. Собирот на репрезентацијата е закажан за понеделник (31 август) во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје. Македонија првиот дуел со Естонија го игра во Скопје а на Арената „Тодор Проески“ на 5 септември, а три дена подоцна и гостува на и Грузија.

Список на повикани фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар);

Одбрана: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија);

Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција);

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста