Американската амбасадорка загрижена за високопрофилните случаи на корупција – му пишала писмо на Ковачевски

Американската амбасадорка Анџела Агелер загрижена за случаите од високопрофилна корупција кои Апелеција се почесто ги враќа на повторно судење при што дел од нив и застареле.

Агелер за своите сомнежи му пишала писмо на премиерот Димитар Ковачевски, минситерот за правада Кренар Лога, шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и до Врховниот, Апелациониот и неколку основни судови. Во писмото кое го објави Алсат се вели и дека бавното процесуирање на случаите води кон тоа довербата во судството да биде на многу ниско ниво.

Секој ден сум се повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“ се вели во писмото на американска амбасадорка Анџела Агелер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста