Амбасада на САД во Скопје: Целосно се оградуваме од договорот со „Бехтел и Енка“

Американската амбасада во Скопје целосно се оградува од договорот на македонската влада со „Бехтел и Енка“. Наспроти убедувањата на владејачкото мнозинство дека страшкиот партнер има одлучувачка улога во спогодбата со американско-турскиот конзорциум, дипломатијата на САД во Македонија во одговор за телевизија Алфа тврди дека понекогаш може да советува за деловната клима, но не презема никаква улога во преговорите или условите што ги преземаат двете страни во договорот.

  • ,,Бехтел не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада. Иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата. Амбасадата понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Северна Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор. Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни”, стои во одговорот на амбасадата на САД во Скопје за Алфа тв.

Власта континуирано се обидува да наметне мислење дека јавноста, односно секој оној кој бара одговори од „Илинденска“ за контроверзмиот договор, е против ЕУ и САД. Но ваквите наметнувања не можат да поминат, сметаат експертите, оти граѓаните само бараат отчетност и транспарентност, а не лажен приказ за демократија зад затворени врати.

  • Владата, пак, има посебна одговорност особено многу работи до сега, особено последните 7 години, ги криеше од јавноста и кога и да криеше на изглегува на крај дека за последица имаме поразителни политики кои ги мултиприлицираат проблемите. Не ги решаваат туку ги мултиплицираат. Инаку што се однесува до Францускиот предлог, и особено ова сега што се случува со „Бехтел и Енка“ тоа е крајно безобразно и слободно можам да кажам и криминално. Затоа што не е нормално да се крие  договор за една капитална инвестиција во јавен интерес а тоа е автопат, кој се финансира од партите на даночните обврзници на Македонија. Која е логиката јавноста да не знае под кои услови и под кои околности треба некому да исплати толкав износ на пари“ вели Воислав Зафировски, поранешен претседател на ДКСК.

Никој не е против европскиот пат на земјата и владата лаже кога го говори тоа, вели и поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

  • И да е цинизмот нивен до толку, го гледам и премиерот, кој нешто каже е против Европа, против ова, она.. Лажат, лажат еве зошто: Делницата Драч – Тирана, е иста, иста по димензии, и градена во исто време со делницата Тетово  -Гостивар. Не е таа делница каква што без тие две помошни ленти, без некој да сакал, или некој земал мито. Кој се најде сега да даде забелешка, Али, тој што 20 години не изградил ништо. Ниеден километар“ рече Харедини во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа тв.

Опозицијата секојдневно нагласува дека ниедна партија не е против ЕУ, а никако против американскиот стратешки партнер. Но, договорот со „Бехтел и Енка“ кој може многу скапо да ја чини Македонија, мора да се стави на очиглед на јавноста, а не да се манипулира со него.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста