Алфа сторија за охриѓанката Катерина Василевска: Завршив факултет, ама правев зимници за да си го прехранам детето

Поради недостаток на кадар,тонат охридските бизниси. Градот кој има потенцијал да се развива и да биде најдобар туристички но и индустриски центар, замира поради тоа што нема работна сила.Причината лежи во нашата заедничка,колективна неспособност и несвесност да ги изменаџираме добро работите-вели охриѓанката Катерина Василеска,која иако високо образована за да го извади детето на прав пат работела како што вели се’ и сешто. За да обезбедам пристојна егзистенција вели подготвував ајвар, зимници, пекмези,а во останатото време се занимавав со преведување и други ангажмани како предавач.Ова е македонска реалност што ја делам со многу луѓе во земјава.

 Платите се ниски,условите не се најдобри би рекла во некои компании можеби не се ни хумани условите, луѓето веќе можат да патуваат.Македонија веќе не е затворена земја како што беше порано,отворени се границите и секој нормален би го одбрал она што е подобро за него –вели охриѓанката Катерина Василеска.

Василеска сега е привремено вработена, со договор на дело.Но голем број работоспособни лица ја немаат нити таа можност,некои бидејќи не можат да се снајдат, а други затоа што не им се допаѓаат условите за работа. Најпогоден е туристичкиот сектор,во хотелско-угостителските капацитети има над 200 слободни работни места.

 Сето тоа мене ми е многу смешно,ние имаме 17 % невработени во Македонија, а бараме работници од надвор.Нека се стегнат газдите, нека дадат плата децата ќе останат.За да ги задржиме нашите кадри тука треба да ги платиме,па не мора да имаме многу профит,смали си од профитот, дај им на вработените нека континуирано работат сите објекти –истакнува туристичкиот водич Љупчо Јузмески.

И не само туризмот, Охрид може да ја развива индустријата како гранка која што е многу значајна за македонската економија.Во градот има неколку компании за автомобилски делови,но поради лошата патна инфраструктура нема мобилност на работната сила.

Како што знаеме, мобилноста на работната сила, каде што луѓе во Македонија заради работа би се преселиле во друг град е на многу ниско ниво и ние сме една од ретките држави каде што најголем број од индустријата е концентрирана во главниот град.Тоа не е случај во други земји во Европа или Северна Америка.Но ако има такво автопатско решение, тогаш ќе имаме ние поголема можност да привлечеме луѓе од други делови на државата –додава претседателот на Асоцијацијата на странски компании,Виктор Мизо.

Ако транспортот е пократок или ако е лесно вработените за викенд да се враќаат дома, ќе бидеме не само по конкуренти, туку ќе овозможиме да се намали невработеноста во одредени градови во земјава-вели Мизо.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста