Алфа сторија за Бранка Неделковиќ, Македонката која ги живее последиците од воениот пекол во Сирија

Воениот пекол во Сирија е еден од нив кој светот како да го заборави, но кој исто така предизвикува траорни последици за многумина. Најмногу за недолжните, цивилите. Приказни има мбногу, а една од нив е онаа на Македонката Бранка, која животот ја однел во Сирија, а судбината таму и приредила пекол од кој сопасот го нашла повторно назад дома во Македонија. Алфа сторија за нејзината тешка судбината.

Од Македонија во Сирија, па од Сирија пак назад во Македонија. Вистиска, но тешка животна приказна доживува Бранка Неделковиќ која поминува низ голгота. Иако е родена во скопски Бутел, пола живот го поминува со семејството во Алепо, Сирија, до пред 5 години кога експлозија им го уништува домот а пред очите на децат загинува нејзиниот сопруг. Тоа ќе биде шок за сите, а посебно за постариот син кој тој ден ќе биде погоден со куршум во грбот и Бранка едвај успева да го спаси. Тој потоа не може да оди и му е нарушена психата како последница на глетката и убиството на татко му пред неговите очи.

  • Тешко е да останеш сам, и сам да се бориш со животот. Ова е борба, тешка. Ми се сруши се врз глава, се руши зградата во Сирија, едвај детето си го спасив, и сега тука – не знам како ќе прежиевам, се жали Бранка, која е оставена сама да го живее овој тежок живот.

Воените трауми во Сирија во март годинава ја тераат Бранка повторно да ги спакува куферите за назад во Македонија. Иако, успева да го пренесе само поголемиот син. На аеродром и земаат се, дури и инвалидската количка на синот.  Албумите со семејните фотографии се единствениот спомен за нејзиниот живот со Мустафа во Сирија.

  • Првите 8 години од бракот со Мустафа го живеевме во Скопје. Тука се раѓа синот Роби. Потоа заеднички одлучуваме дека подобар живот можеби ќе имаме во родната земја на Мустафа. Со спакувани куфери и преполни љубов и надеж, во 1988 година заедно со сопругот и синот започнуваме нов живот во своја куќа во Алеп, Сирија. Таму се раѓа и вториот син, Мухамед кој ќе биде многу поврзан со татко му и ќе му помага во семејниот бизинис. Се до почетокот на крвавите случувања во таа земја ова семејство живее среќно. После тоа доживуваме голгота, низ солзи раскажува Бранка.

Во Македонија Бранка има брат, кој и помага колку може и дава се од себе колку  да не остане гладна со синот. Но, месецот е долг. Киријата скапа. Терапијата на синот чини многу пари, се жали Бранка која не знае како да излезе на крај, без помош од државата. Капак на голготата што тука ја минува е мислата кон другиот син кој останал во Сирија. Што прави, како се снаоѓа сам, дали некогаш ќе дојде покрај неа. Бранка вели: Јас сум мајка и за моите деца сум подготвена да изградам и град. А, потоа и да умрам нема да жалам.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста