Алфа на терен: Заробени во магичен круг на сиромаштија и предрасуди  – „цвета“ проституцијата во Скопје

Алтана. 61 годишна сексуална работничка која за леб се бори нудејќи услуги околу судската палата и Македонската Национална телевизија. Пред десетина година била хигиеничарка во Апелациониот суд, но судбината ја остава на улица без кров и никакви приходи.

Тука заедно со околу 20  жени ги чекаат муштериите за кои вели дека обично се млади. Таа нема посредник, но за останатите жени вели дека често ги гледа со исти мажи, а муштерии имаат секоја вечер. Поради нејзината возраст нема работа, но  не е така за останатите кои стојат до нејзе.

За два часа екипата на Алфа регистрираше најмалку 15 различни возила кои кружеа околу палатата, позади телевизијата, преку бензиската до кејот на Вардар и Младински културен центар.

Алтана наплаќа 600 денари. Муштериите се млади и секој ден се тука. Ограбувани од девојките.

Невладиниот сектор кој се занимава со човекова права со години во земјава бара декриминализација на сексуалната работа како и овозможување на здравствени и социјални права. Властите во Македонија се глуви за ова прашање иако според невладината ХОПС во земјава има околу 200 сексуални работнички. Според податоците на невладините, станува збор за цела секс индустрија во која не се вклучени само сексуалните работници, туку има клиенти, менаџери, управители на објекти и секако и посредници. Сексуалните работници се криминализирани, а според информациите од терен и изјавите на сексуланите работтнички кои ги даваат во невладините организации, нивните права често се повредуваат од страна на полицијата.

Паула Костадиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста