Алфа дознава: Внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога

Муса Ахмети, внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога. Како што дознава Телевизија Алфа, тој пред извесен период се вратил од Косово, каде бил некое време. Набрзо по доаѓањето во Македонија, бил фатен со дрога. Поради информациите кои ги добивме од свиркач, до МВР поставивме конкретно прашање – дали во Кичево бил уапсен Муса Ахмети, со име и презиме. 

-Дали во текот на минативе три недели од страна на полицијата во Кичево бил уапсен Муса Ахмети под сомнеж за неовластено поседување и пуштање во промет на опојни дроги?, беше прашањето кое Алфа го постави до МВР.

Во одговорот кој го добивме се наведени само иницијалите М.А, за лице кое во Зајас било уапсено по извршен претрес во неговиот дом.

-На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело… известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријава… против М. А. од Зајас, информираат од МВР.

М. А., лицето кое има исти иницијали со Муса Ахмети бил уапсен на 27 декември во Кичево поради кривично – правниот настан кој му се става на товар.

Матеја Петровски

ВИДЕО ИЛУСТРАЦИЈА

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста