Алфа анализа: Замрзни-одмрзни одлуките на власта не им помогнаа ни на стопанствениците ни на граѓаните, а можеше подобро

Замрзни одмрзни замрзни.  Владата во обид да ја заузда инфлацијата цела година игра топло – ладно со граѓаните и фирмите со носење и укинување на економски мерки, кои досега ниту долгорочно ја стабилизираа економијата, ниту го подобрија стандардот за живеачка. Не се направи ни сериозна долгорочна стратегија за секогаш во иднина. Последна најава од власта е продолжување на замрзнатите цени и маржи.

Ние година и пол се обидуваме да направие на стабилизирање на инфлацијата . Каде е проблемот, тоа е во контиуитетот на мерките.  Иако сум јас еден од оние кои е против замрзнување на цени и маржи, ако веќе ги правиме нека бидат во континуиитет, вели аналитичарот Абил Бауш.

Главниот извор кој ја подгрева инфлацијата е скапата цена на струјата. Според познавачите, Македонија потфрли и тука, не се заштитуваат цените на енергенсите.

 Ако треба да замрзнувате цени или ако треба да субвенционирате нешто, би требало да фатите таму кај што ни доаѓа инфлацијата, а тоа е извозната инфлација а тоа е од цените на чинење на енегенсите. Во оваа ситуација ние апсолутно никакви мерки не преземавме како централна власт да ја зауздаме инфлацијата во овие енергенси.   Во ЕУ прво замрзнаа цена на енергенси, тоа е стратешко. Имате стратешки инпут за економијата кој го штитите, вели Абил Бауш.

Поради лошите политики, Македонија се најде прва на листата на Евростат со највисок раст на цена на електрична енергија од дури 327 отсто. И поранешната вицегувернерка на НБРМ, Маја Кадиевска Војневиќ  согласна дека инфлацијата е подгреана токму од скапите енергенси.

  Македонија е прва на листата на табелата на највисоко ниво со раст на цена на електрична енергија од 327 отсто, тоа е многу односно 4,2 пати раст на цена на електрична енергија за потрошувачи, не за домаќинства во рамка на потрошувачка од 500 до 2 илјади мегават часови. Тоа се сите останати сектори освен домаќинства, рече Маја Кадиевска Војновиќ поранешна вицегувернерка на НБРМ

Инфлацијата во март имаше благ пад, но се уште држи високо ниво од 14, 7 отсо. Веројатно во обид барем на харија да се намали притисокот, Владата одлучи до 31 мај да се замрзнати цените на овошјето и зеленчукот, а лебот, шеќерот, сончогледовото масло за јадење ќе се со замрзната маржа од 5 отсто во трговија на мало и големо до 30 јуни. Истото важи и за маржите на брашното, јајцата и млечни производи.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста