Албанија со градилиште во Охридско Езеро, УНЕСКО со препораки, а Еди Рама се фали со успесите

Охридското Езеро кое го делат двете соседни земји, Македонија и Албанија се соочува со сериозни закани по неговиот екосистем и  загрозување на статусот на УНЕСКО. На самото крајбрежје на албанската страна од езерото кај селото Тушемиште се изведуваат градежни активности во самиот биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. Албанскиот премиер Рама,објави детали од планот како ќе изгледа брегот на езерото кај Поградец и Тушемиште,што наиде на силни реакции од  експертите од двете земји.

-Пред 3 години државата отпочна проект тежок 22 милиони евра-фокусот е реката Дрилон и нејзиниот слив и делот на литоралната зона од Дрилон до Тушемиште,практично на  границата со Македонија.Ќе се гради пристаниште и шеталиште на целата крајбрежна зона од Дрилон до Тушемиште-откриваАријан Мероли,експерт за животна средина од Поградец,кој смета дека ова нема да помине без реакција на Унеско.

 Обавезно, ако вистина има реален импакт врз живитната средина и универзалните вредности на екосистемот,Унеско реагира.Сливот на реката Дрилон, полуостровот на Лин и литоралната зона треба да има посебен статус на строго заштитени зони, нов закон за управување и обавезно за секој чекор пред имплементирање на големи проекти треба да има одобрение од Унеско”- вели Аријан Мероли.

За реализација на овој проект не може Албанија да одлучува сама,постоимеѓудржавен комитет меѓу Македонија и Албанија-укажува инженерот за животна средина Ѓоко Зороски.

  Целта на тој комитет е двете земји заеднички да го управуваат тој процес, сите активности што се поврзани со препораките на Унеско, односно секоја одлука која ќе биде донесена е поврзана со заштита на рибниот фонд, природното и културно наследство да се носат со консензус, што значи треба да се праша и македонската страна.Пред да се започне со овие активности и во Албанија се водени жестоки дебати и дискусии околу урбанизацијата на овој дел од крајбрежјето, бидејќи веќе е извршена фрагментација на заштитеното подрачје Дрилон-Тушемиште. Сведоци сме дека се изградени огромни згради помеѓу селото Тушемиште и изворите Дрилон”-вели Зороски. 

Уште пред 2 годни Унеско побара да се се стопираат сите  планови за градби кои што се во непосредна близина на Национален парк Дрилон кое што е едно големо извориште и кое  што има голема издашност на питка вода, околу 3 метри кубни во секунда и е второ по големина после изворите во Свети Наум-истакнува Зороски.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста