Аларм од градежниците – Бараат итни мерки за спас на секторот

Владините одлуки направија 12.000 градежници да останат без работа, да сменат професија или да си го бараат спасот надвор и да градат и создаваат во туѓи економии. Работниците и работодавачите обидинети против градежната политиката на власта за која велат дека е погубна. Иван Пешевски од синдикатот за градежништво смета дека владата мора да си стави кочница, бидејќи ако останеме без градежници, ќе останеме и без држава.

  • „Домашните компании го губат пазарот стрикно поради лоши владини политики во изминативе 5 години. Не беше помалку сјајна стотјбата и во подалечното минато, бидејќи и до ден денеска, поради лоша администрација и менаџирање останавме без автопат Кичево-Охрид, а го преплативме. Задолжени сме до наше седмо колено да ги враќаме тие средства, а сега правиме нов договор во 4 очи во влада, кој што ќе чини 2 милијарди и повторно предупредуваме дека е можно да не исполнуваат услови нашите компании кои ја изградија оваа држава“ – Иван Пешевски, Претседател на Синдикат за градежништво при ССМ

Работниците ја имаат поддршката и од работодовачите. На заедничката пресконференција заедно со Здруженито за градежништво од Стопанската комора, велат дека поради лошиот владин менаџмент во овој сектор, пропаѓаат успешни македонски градежни компании. Оттаму алармираат дека за најголемите градежни зафати кои ги спроведува Владата во моментов, македонските компании како да не постојат, па учествуваат со само 4%, додека пак странските се ангажирани за дури 96% од работата.

  • „Ова одлевање на работници е токму последица од системско нерешавање на проблемот. Или од политиките кои ги преземаше владата, а тоа е социјална политика, а не развојна политика. Сите оние закони и иницијативи кои ги спроведе, видовме дека доведоа до тоа работниците да не се задоволат и да не ги имаат тие услови кои политиката ги предлагаше. “ Истакна – Андреа Серафимовски, претседател на Здружение за градежништво при стопанска комора

И работниците и работодавачите согласни. Бараат итна средба со Владата на која ќе и го презентираат планот за спас на градежништвото кои го изготвиле. Доколку не се испочитуваат нивните барања најавуваат штрајкови и вадење на целата градежна механизација на улица.

Инаку градежништвото беше еден од главните двигатели на македонската економија, но сето тоа се смени во последните 5-6 години. Според последните податоци на државната статистика лани секторот забележал пад од 8.4%.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста