Академска церемонија за Јордан Плевнеш во Пантеон Асас Париз

Во очи на празникот светите Кирил и Методиј, сесловенските просветители и заштитниците на Европа, на парискиот Универзитет Пантеон Асас, дел на париската сорбона се одржа академска церемонија посветена на творештвото и универзитетската кариера на македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш.
Како што е познато, неодамна француската академија токму на предлог на овој универзитет му ја додели гранд при наградата, за целокупниот книжевен опус на Плевнеш во областа на франкофонијата.
По тој повод претседателот на Униврзитетот Стефан Браконие во својата пригодна беседа ја соопшти одлуката на оваа престижна институција, портретот на Плевнеш, дело на големиот македонски академски сликар Родољуб Анастасов, да биде изложен во галеријата на портрети на Пантеон Асас, како врвно признание од сегашните и идните генерациии професори и студенти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста