Азески – Мицкоски: Да ја оставиме политиката на страна, време е за нов економски договор за иднината на државата

Енергетската и економска криза ќе трае, државата со сите политичко-институционални чинители мора да седнат заедно и итно да најдат решение како да им се помогне на граѓаните и стопанството, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, токму на тема криза. Христијан Мицкоски порача дека предизвиците се и ќе бидат огромни, ама стопанството според него, за жал, не е во фокусот на владините политики.

Време за обединување и голем договор значаен за иднината на државата, зашто стопанството и граѓаните ги глеаме како тонат во сиромаштија. Ова е заклучокот на првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по одржаниот работен состанок. Претседателот на Комората Азески, рече дека ги третираат сите прашања кои се од значење за бизнисот. Вели мерки мора да има, иако сме сведоци дека за жал тие ги нема. Капак на се е енергетската криза која сигурно ќе трае уште една година, а последиците ќе бидат огромни.

  • Ние како Комора, ги третираме сите прашања кои се од значење за бизнисот. На состанокот разговаравме за тоа дека енергетската криза сигурно ќе потрае уште една година и дека за неа треба да се припремаат. Можам да кажам дека за голем број прашања делиме исти ставови што значи дека најголемата бизнис заедница и опозициска партија имаат свои заеднички ставови по прашањата на актуелните состојби, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Сите гледаме дека Владата го преспа периодот кога треба да работи на изнаоѓање на решенија и мерки за сите, алармира Мицкоски. Тој рече дека прашањето е дали државата ќе има доволно пари за да купи струја која што е потребна. Според неговите пресметки ако работат трите блока на „РЕК Битола“, двете турбини на „Неготино“, и хидроцентралите и „ТЕЦ Осломеј“, тогаш дневно во одредени периоди државата ќе троши по половина милион евра за набавка на струја.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека стопанството не е во фокусот на државата.

  • Не можете да правите планови во буџетот ако стопанството не може да генерира приходи со кои ќе го полни буџетот. Во приватниот сектор има 680 илјади вработени кои зависат од бизнисот и тука нема политика. Затоа сите треба да се обединиме и да му помогнеме на стопанството да го преживее овој тежок период, истакна Мицкоски и додаде дека се подготвени за еден голем договор, кој е многу значаен за иднината на македонската економија, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, власта доцни со мерките за помош од енергетската криза. Да не послушаа последен пат кога предупредувавме, ќе имавме помали последици, а сега и следната година повторно ќе имаме енергетска криза, бидејќи како што рече сега се прават планови за обезбедување со електрична енергија за оваа, а не за следната година.

  • Првично беа 150 милиони, а потоа сумата се качи на 300 милиони евра, но сметам дека и 500 милиони евра за набавка на електрична енергија ќе и бидат малку за набавка на електрична енергија Тука не е земена во предвид набавката на гасот. За да се набави 150 милиони метри кубни гас за да работи ТЕ-ТО за затоплување на 50 илјади домаќинства потребни се од 250 до 300 милиони евра, изјави Мицковски.

Дека Владата го преспала периодов, додека други влади излегле со низа мерки и стратегија, изминатиов период на големо алармираа економскисти за Алфа. Сите се едногласни дека не чека тешка зима, со еден куп предизвици. Капак на се е и инфлацијата која ближи до 17%, и ако државата не направи сериозен исчекор во изнаоѓање решенија, таа ќе стаса до 20%, што ќе биде погубно за сите.

Претходно, и економистите и меѓународните финансиски иснитуции, неколку пати алармираа дека цените ќе одат на горе, а сиромаштијата ќе се повеќе ќе продлабочува.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста