Агенција за филм: Не е наша надлежност зошто „Црвениот поет“ не се емитува

На Агенцијата за филм не и е важно дали ќе се емитува серијата за која потрошија 23 милиони денари. Оттаму велат дека од продуцентот на „Црвениот поет“ добиле финална копија и извештај и нивните надлежности завршувале тука.

– „Играната серија е завршена и целокупната документација како наративен извештај за реализација, финансиски извештај за потрошени средства, копија од серијата се предадени во архивата на Агенцијата за филм, а со тоа и обврските кои продуцентот на серијата бил должен да ги заврши со цел исплата согласно член 4 став 1 алинеја 3 од Договорот за финансирање на серијата се исполнети.“ – Велат од агенцијата за филм.

Ова е ставот што го добивме од Агенцијата. Нема одговор на дополнителните прашања што ги имавме – дали серијалот можеби е цензуриран за да не се разлути Бугарија, како и натаму истиот продуцент добива проекти.

Под изговор дека имал состанок, ниту директорот, ниту некој друг од агнецијата за филм не сакаше да даде изјава во камера за прашањата на Алфа.

Серијата посветена на македонскиот поет и револуцинер, Коста Солев – Рацин, е снимена уште пред 6 години, но никогаш не го виде светлото на денот.

Во серијата посветена на Кочо Рацин е прикажана неговата револуцинерна дејност, борбата против бугарските окупатори, како и сцени од неговото заробување од бугарски војници и измачувањето во логорот Корница.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста