Автопатите врват низ Собрание  – прекувремена работа за проектот на Груби и Ковачевски на седница со европско знаменце

Во две сали истовремено дебати на два фронта . Собранието уште повеќе го забрзува темпото за носење на законите за коридорите 8 и 10 д. Додека на пленарна седница стигнаа измените на законот за работни односи, пратениците требаше да се клонираат за да можат истовремено да присуствуаат на комисиската расправа за законот за градење, па се створи тотален хаос по собраниските ходници. За опозицијата ова е кршење на деловникот, за власта немало ништо спорно во процедурата. Ако се земе во предвид како се одвива расправата во изминатата недела, се поизвесно станува дека власта ќе ги отфрли сите критики. Опозицијата остро реагира дека со законот за работни односи се удира по грбот на работникот и ќе се дозволи работна недела од  72 часа, власта се правда работниците ќе потпишувале дали сакале да работат прекувремено. Министерката за труд и социјала  конечно се одважи и дојде на дебатата, ама не се пријави за збор за да и објасни на јавноста што предвидува законот каде потпис стави нејзиниот заменик.

Ова не е прашање од јавен ни од национален итерес. Јас не знам која меѓународна држава не ни укажа дека нашиот национален интерес е владеење на правото, порача Рашела Мизрахи од ВМРО – ДПМНЕ

Овие законски решенија треба да ги надминат сите дефекти кои сите сме ги виделе во овие години и ги знаеме. Бројките тоа го кажуваат , реплицираше Марија Костадиновска од СДСМ.

Јасните пораки од Европската Унија да не се злоупотребува европското знаменце , кои во неколку наврати беа упатени до Владата, не ги спречуват пратениците од власта да продолжат со комисијата за европски прашања.  Амандманската расправа стигна до законот за градење, кој доколку се усвои ќе значи дека ќе може да се гради без проект, а дозволи да се добиваат по брза постапка.

Ова е предлог законско решение со кое се заоиколуваат редовните постапки. Незнаењето на оние кои го изготвувале е дека сите овие работи можело да се завршат со постоечкото законско решение, вели Дејанчо Ефтимов од ВМРО – ДПМНЕ

Секогаш може да се изнајдат еден милион причини да оспориме едно законско решение. Се соочуваме со многу критики дека немаме капитален проект , еве го најголемиот инфраструктурен проект, порача Арбер Адеми од ДУИ.

Законот за работни односи е прв кој стигна до пленарна седница.  Под европско знаменце во собранието се туркаат уште четири закони. Според најавите, расправата се очекува да заврши кон средината на идната недела . 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста