Аврамовска Мадиќ ги прогласи Егејците како посебен народ кој ќе влезе во Уставот

Не само Бугарите, и Егејците ќе биле внесени во Уставот. Но, егејците биле Евреи – Лапсусот според заменик – министерката за Правда која во телевизиски настап најави дека во преамбулата ќе има место и за Егејците предизвикува бура реаккции во јавноста. Нејзините скандалозни тврдења ги слушнаа дури и егејските Македонци. Од таму децидни: Никој не разговарал со нив на оваа тема а и нема што да се разговара бидејќи како што велат тие не се никакви Егејци туку чисти Македонци.

  • Не може да има разлика. Ние сме Македонци и ништо друго. Не постојат други Македонци, Македонци. Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме.Не може да се прави посебна нација Егејци, Вардарци, еден народ сме. Тоа значи дека и Гоце Делчев бил Егеец а не Македонец“-вели за „Република“ Ташко Јованов oд Здружението на Македонци со потекло од Грција.

Заменик-министерката Викторија Аврамовска Мадиќ откако најави дека ќе има место и за Егејците во Уставот, денеска се правда и извинува – не мислела на Егејците туку на Евреите.

  • Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците“, истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Скандалиозната изјава Мадиќ ја кажа во телевизиско гостување во кое уверуваше дека немало ништо спорно од промнената на Преамбулата по теркот на Бугарија:

  • „Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање“, изјави Аврамовска Мадиќ.

Бура од реакции во медиумите и на социјалните мрежи следуваа во ваквата изјава на Аврамовска Мадиќ.  Прашуваат граѓаните од кога тоа Егејците се посебен народ или дел од друг народ кој живее во Македонија, па Владата да мора да ги внесе во Уставот заедно со Бугарите. Таа е втор човек во Министерството за правда, ресорот кој „пишува“ закони. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста