Абази се повлече од академијата ама Беса Адеми нема таква намера

Сомнежите за непотизам во правосудството не запираат. Новиот предлог за член на управниот одбор во академијата за судии и јавни обвинители, Беса Адеми, ќе треба да решава дали нејзината снаа ќе стане судија или јавен обвинител. Претседателката на Врховниот суд се најде во иста ситуација како новиот шеф на обивнителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кој беше кандидат за управниот одбор на Академијата, каде што заедно со снаата на Беса Адеми, обука посетува и сопругата на Абази. Поради бројните рекции и критики во јавноста, тој се повлече од намерата да членува во одборот.

Адвокатот Менкиновски вели дека таа одлука е безначајна и ништо нема да промени.

– „Таа Академија, самата како институција треба да биде во текот на работата на судиите, а не вие се запипшувате на академија, а не знаете дали сте обивнител или судија. Значи, немаме подвоеност во институциите, во правосудството.“ – Истакна тој.

За последните настани и избори во правосудството, како и насоката во која се движи правдата во Македонија, адвокатот Менкиновски вели дека ваквите појави не се ништо ново, а во моментов ги чуствуваме последиците. Тој не очекува контроверзите во правосудството да запрат. Вели, ова ќе продолжи, а цената како досега, така и во иднина ќе ја плаќаат граѓаните. Смета оти клучно за спроведување на правдата во Македонија е тоа дали судиите и обвинителите имаат едно или повеќе државјанства, и го повика Абази да одговори на ова прашање.

– „Одговорноста на јавните обвинители, судиите и сите оние кои во Република Македонија вршат правосудна функција треба да биде ставена под знак прашање. Треба истата да се дефинира во Република Македонија. Треба да се дефинира дали тие носители имаат само едно државјанство или имаат десет државјанства. Треба да го прашате јавниот обвинител за организиран криминал дали тој има едно државјанство или има повеќе државјанства. Тоа е многу важно во делот на кредибилитетот на правдата.“ – Појаснува Менкиновски.

Инаку, во јавноста имаше бурни рекации за изборот на новиот обвинител за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кој во кариерата напредува на брза лента. Од релативно непозната личност, до фотелјата на Вилма Русковска и тоа без предлог програма за неговата идна работа. А по само неколку дена од неговиот избор во обвинителството, беше предложен и за член на управниот одбор во академијата за судии и јавни обвинители.

Абази иако тврдеше дека нема конекции со власта, тврдењата набрзо му пропаднаа во вода. Абази доаѓа од истото село со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а има заеднички фотографии со братат на Ахмети, Фекри Ахмети, како и високиот функциинер на интегративците Невзат Бејта, што ги подгреа сомнежите дека брзиот непредок во кариерата на Ислам Абази се должи само поради познанствата и пријателствата со функцинери на ДУИ.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста