Ќумбињата и печките на дрва се враќаат во училниците

Општините наголемо набавуваат огревно дрво за училиштата- за да заштедат струја и да обезбедат топли простории, ги враќаат старите ќумбиња и печки на дрва. Уште не почната грејната сезона, училиштата веќе добиваат високи сметки за струја-градоначалниците во паника, бараат начин како да го ублажат ударот од енергетската криза. Некои од нив отворено кажуваат дека веќе набавиле дрва за училиштата.

Општина Битола прави се’ и да набави огревно дрво чија цена е огромна, се зголемуваат цените. Во однос на јавните набавки се веќе спроведени за набавка на гориво за загревањето на училиштата, изјави Тони Коњаноски-градоначалник на Битола

Владата која прогласи кризна состојба во енегертиката, нема слух да им помогне на општините во чија надлежност се училиштата да се справат со огромните сметки за струја. Градоначалниците го делат ставот дека и блок дотациите за образование кои го добиваат, не се доволни.

Со оглед на тоа што како ЗЕЛС имавме сериозни предлози до Владата кои што навистински начин би му излегле во пресрет како на општините така и на училиштата и сите оние кои имаат проблем со цената на електричната енергија и енергетската криза, нас не ни беше ништо прифатено, така да оваа Влада е далеку од спремна да соработува со локаланите самоуправи и не сум сигурен дека што и да предложиме, се отворени да слушаат, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид

Нити владината мерка училиштата во државава да се снабдуваат со електрична енергија на регулиран пазар, не е доволна иако ресорниот министер Јетон Шаќири уверува дека на овој начин училиштата како и малите претпријатија ќе плаќаат пониски сметки за струја. Тоа ни од далеку не одговара на барањата на градоначалниците, кои предлагаа училиштата да плаќаат струја како за домаќинставата.

Сериозен проблем е во делот на обезбедувањето на средства и енергенси, цените се вртолаво отидени, 4-5 пати повисоки од износот кој го плаќавме во изминатиов период, изјави Љупчо Папазов-градоначалник на Кочани

Но Шаќири не се тревожи-некои општини вели имаат доставено барање до Советите часовите да траат пократко, но ќе видиме кога ќе дојде време можеби ќе ја реорганизираме наставата. Тоа значи да се тискаат што повеќе учениците во помал број простории.

Новинар Росица Голабоска

Снимател, монтажа Златко Маневски

Advertisements