Ќе се мапираат дивоградбите во Националниот парк Галичица

Строго заштитеното подрајче на Галичица е узурпирано со стотици нелегално изградени објекти. Потпирајќи на добиените барања за легализација на дивоградби според последните податоци, низ целата територија на националниот парк на диво се изградени 244 викенд куќи,11 хотели и и автокампови како и 6 верски објекти. 80 од дивоградвите се изградени на државно земјиште.И овие податоци не се конечни,за да се утврди точната бројка на дивоградби,од управата на паркот ќе извршат снимање со дрон низ целата територија која се протега на површина од 22.000 хектари.За 33 дивоградби се изготвени решенија за рушење, но никој не постапува по нив-обвинуваат од управата на паркот.
“И сите и правобранителот и градежната инспекција и од обвинителот начесто одговор кој го добивме е дека има претходно почната постапка за легализација на објектот, додека не се заврши таа постапка не можат да превземат. Знаеме недостатоците кои се на законот за постапување со бесправно изградени објекти дека има бројчиња кај некого во џеб и тн”-вели АНДОН БОЈАЏИ од Националниот парк Галичица.
Сега со законот за легазализација сите оние кои дивееле ,беспавно узирпирајќи државен имот, ќе стекнат сопственост на објектите со право да го отупат по багателна цена земјиштето кое реално е многу скапо и атрактивно-вели Бојаџи. Ние не сме дале позитивно мислење за да се гради во рамките на заштитеното подрајче.Без да се земе во предвид ставот на јавната установа,согласност даваат ресорните министерства. Дивоградбите му создаваат главоболка и на градоначаникот Пецаков.
” Законот за легализација кој што беше 2011-та донесен, а знаејќи дека 21 село немаат урбанистички планови, знаејќи дека поголем дел од градот не е урбанизиран природно е бројката да е таква каква што е, преку 12.000”-вели Пецаков.
Се што се градело во рамки на крајбрежјето и во заштитеното подрајче ќе биде срушено,вели Пецаков, уверувајќи дека таа бројка нема да биде поголема од триесетина. Појаснува дека останатите илјадници дивоградби ќе се легализираат бидејќи се надвор од гратската средина. Инаку, според барања за легализација,доставени пред 2 години-11.000 се семејни куќи, 420 згради и 28 хотели. Според планот за спроведување по препораките на Унеско, рушење на дивоградбите во Националниот парк и заштитенот појас беше преедвидено на крајот од 2023 година.
Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски