Ќе се договори ли Ковачевски сам со себе-ќе критикува или ќе продолжи да повикува на поддршка за уставни измени?

Контрадикторните изјави на Ковачевски кој од една страна ја напаѓа Бугарија од друга страна бара поддршка од опозицијата за уставни измени, го ставија премиерот во затворен круг. Поранешниот амбасадор и уневрзитески професор Јован Донев вели дека тоа е резултат на нискиот рејтинг на владејачката партија.

Јасно му е на него и на цело СДСМ кој им е рејтингот.И дека ако продолжат со таа политика катастрофално ќе изгубат на избори.Он е во затворен круг нема многу избор, од друга страна неговата Влада се потпира цело време на Америка тој не може да се откаже од уставните измени зошто американците имаат своја политика и мора да балансира.Во многу незгодна ситуација е во која сами се доведоа…и тука нема опрадвање за неговите постапки сега.И на Бугарија и на Македонија не им одговара да имаат затворени односи, зошто Бугарија ни е сосед.” – вели за Алфа универзитетскиот професор Јован Донев.

Премиерот во средата ги искритикува бугарите за нивниот дискурс кон Македонија. А следниот ден побара ВМРО ДПМНЕ да се приклучи кон како што го нарече – проевропскиот блок да дадат поддршка за измена на уставот.

„Дискурсот кој се користи од страна на Бугарија кон С. Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина.“ рече Ковачевски.

“Или ВМРО- ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела како партија , бидејќи утре ќе се срамат од одлуките во минатото , бидејќи не им е сеедно дека не го поддржале зачленувањето во НАТО и дека не влегле кога се гласаше договорот ФРОНТЕКС, бидејќи имаме чист македонски јазик” – рече премиерот.

Се косат изјавите на Ковачевски и за францускиот предлог. Прво премиерот рече дека има добар основ за преговори, а после неколку месеци призна дека кога се подготвувал францускиот предлог се чустваувал како со нож да го боде некој во стомакот.

“Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен и државнички став за можноста која се отвара за нашата земја.Сите лажни тврдења во различни форми сметам дека потонаа” – кажа Ковачевски пред една година.

“Јас бев дел од преговорите со Република Бугарија. Тие преговори за мене и за граѓаните на Македонија предизвикуваат чувство, јас го имав тоа чувство и го делам чувството на граѓаните како некој со нож да ви со сече стомакот”, изјави Ковачевски.

Упатените коментираат дека острата реторика на Ковачевски кон Бугарија ќе предизвика нови провокации од источниот сосед.Гледаат обид на првиот човек на владата да си ја спаси фотељата додворувајќи им се на гласачите со наводно критикување на официјална Софија.Му порачуваат на премиерот дека не може да се води држава со променливо расположение еден ден едно, друг ден друго. И дека тоа граѓаните го препознаваат.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста