Ќе останат ли охриѓани жедни? Пресушуваат сите извори на вода за пиење, се користи езерската, ама може ли вечно?

Жедни преку вода, охриѓани сами ќе си го исркаат езерото-пресушуваат изворите од кои градот се снабдува со вода за пиење.Охрид потребите од водоснабдување се’ повеќе ги задоволува со испумпување на вода дирекно од Охридското езеро .Поради неповолната хидролошка состојба,водата од Летничките извори не е доволна, принудени сме да ја користиме езерската и водата од бунарите во Студенчишта, Метропол и селото Орман-вели првиот човек на Ј.П.”Водовод”. Капак на се’ е и старата и дотраена водоводна мрежа.

  • Мора да се напомене и дека имаме водоводна мрежа која е прилично застарена.Сеуште имате азбестни цевки, сеуште имаме салонитни цевки, се работи за мрежа преду 212 км и неможноста да се интервенира брзо и ефикасно си ги прави и загубите, да, изјави Марјан Ристески-дир.на Ј.П.”Водовод”-Охрид.

 Самооколу 30 % од водоводната мрежа е заменета со нова,години наназад во јавното претпријатие не само што многу малку се инвестирало во делот на технологиите ,туку се правеле катастрофални пропусти-цели згради буквално се направаени врз водоводни линии.

  • За жал тука затаиле многу институции, кога се давале одобренијата за градба, требало да се изместат ако постоеле такви водоводни линии, да не се дава дозвола но веќе тоа е фактична состојба.Во претходниот период многу малку е инвестирано, а сегашната состојба пак нас не ни дозволува,се нема сретства за да сето ова се подигне на едно повисоко ниво рече Марјан Ристески-дир.на Ј.П.”Водовод”-Охрид.

И во една ваква ситуација,кога ќе се собере се’ градот се соочува со недостиг од вода. Постои еден проект кој трајно би го решил проблемот во Охрид и охридско, но никако да се реализира,се работи за изворите во село Свињишта кои имаат голема издашност.

  • Тој проект е готов од 2009-та чека за реалзиација но никако да се најдат сретства за изградба со што би се помогнало на сите селски населби вели Љубе Трајаноски-технички раководител.

Наместо да се реализира проктот во меѓувреме на Свињишките извори се изградиле две мали хидроцентрали така што овој проект паќа во вода,а за да се изготви нов треба и пари и време.

Инаку екпертската јаност во повеќе наврати го стави на маса предлогот да се направат сите потребни истражувања студии и анализи, кои ќе дадат одговор, дали неповолната хидролошка сосотојба навистина е единствената причина за пресушување на изворите.

Росица Голабоска

Advertisements

Поврзани вести