Ќе кратат, нема да кратат, ама сепак ќе кратат, но не од платите, туку од додатоците: Власта се заплетка со планот за штедење

Ќе кратиме, па нема да кратиме – Владата скрои таканаречен  план за штедење кој го крена револтот на сите синдикати, па сега почна да ретерира. Во сите прилики Премиерот и економските министри уверуваат дека нема да им се кратела платата на работниците туку ќе се интервенирало само кај дел од надоместоците во износ од 10 отсто од она што било планирано за 2023.

Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10% во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект (заштеда) околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

Оваа точка беше усвоена на владина седница, по што  Премиерот Ковачевски во неколку наврати имаше разни изјави за тоа како да се штеди во јавната администрација.  Според ковачевски ова е мерка за намалување на трошоци и зголемување на приходи и тврди дека никој нема да остане без работа

ТОНСКО ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ – ПРЕМИЕР

Целта не е да се кратат платите на работниците, туку тоа е план за фискална одржливост којшто содржи низа мерки во насока на консолидација на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите коишто го добиваат граѓаните“, 

И економскиот тим на министри постојано е во поддршка на изјавите на премиерот. Министерот Бесими пак кажа дека нема да се кратат платите, и препорача онаму каде има потреба од нови вработувања институциите да се прилагоделе преку принцип на ротација.

Во ниту еден момент, ниту премиерот, ниту некој друг кажал дека ќе се намалат платите, а тоа не стои ниту во Планот за штедење, но има одредени сектори и колективни договори чии решенија ќе мора да се ревидираа. Само таму кај пшто имаше во текот на 2022 и тоа што ќе значи прилагодување . Им се препорачува на институциите каде ќе има замена или одлив на кадар да ги пригладува со мобилност, да не одат со целосно нови вработувања, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во телевизиско интервју на ТВ 24.

На уверувањата од Премиерот и Министрите  не веруваат синдикатите . ОД ССМ   велат дека веќе во добар дел работниците се праќаат на принуден одмор, им се намалуваат плати, а не  веруваат на охрабрувачките пораки бидејќи токму истите министри ветувале зголемување и усогласување на плати кое не се случи.

Истите ветуваа зголемување и усогласување  на платите на работниците во јавниот сектор, а иако законска обврска, премиерот и министерката за труд не го исполнија ветеното за разлика од сите други, а министерот за финансии кој беше најмногу против зголемување на платите на работниците во јавниот сектор и поради кој премиерот и останатите министри не ги зголемија платите, го прифати предлогот на ССМ и за вработените во Министерството за финансии ги зголеми платите за 30%. ,,Охрабрувачките” пораки кои работниците не ги разбираат како министрите, особено поради тоа што веќе дел од нив се праќаат на принуден одмор, веќе им се намалуваат плати и веќе се прават списоци за отстрел на работници, велат од ССМ.

Синдикатите  веќе го кажаа својот став дека нема да дозволат било какво кратење на основните плати, ниту на додатоци ниту надоместоци, а ако тоа се случи ќе излезат на протест. Владата за сега е глува на револтот на синдикатите.

Кристина Алексиеска

Advertisements