НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќе има ли одговорност за скандалите на онкологија ? – ВМРО ДПМНЕ предупредува дека пипците на злоупотребите се во власта

Министерот за здравство Фатмир Меџити и денеска не откри никакви детали за скандалот на онкологија. И по цела недела од претресот на клиниката, нема епилог за истрагата. Кој манипулирал со последата надеж на болните, дали имало препродажба на онклолошката терапија ,со каква терапија се лекувале пациентите и колку години траел тој криминал? Ова се прашања за кои одговор нема. Министерот за здравство како и пред пет дена, со иста изјава – уверува дека ќе се најдат виновниците и ќе одговараат.

На министерот после скандалот со онкологија, му текна дека треба да се фати за работа, и најави дека најдоцна до нова година на скопска онкологија ќе се активираат нови акцелератори ,а за неколку болници ширум државата рече дека ќе добијат онколошки центри,за пацинетите да не патуваат во Скопје.

Јавноста бара одговорност и расчистување на криминалите за кои аларм имаше од поодамна. Конкретно од опозициската ВМРО ДПМНЕ која предупредува дека одговорноста е и политичка во највисоките ешалони на власта. Од опозицијата се сомневаат и за можно влијание во истрагата од страна на Владата.

Значи 6 години КАТО е исклучен, со години се укажува на криминалот, има случаи на фатени кражби и продажби, се менуваат директори, ама никој – баш никој, ниту владата, ниту министер, ниту доктор, ниту обвинителство, не прашува зошто КАТО системот стои исклучен кога е купен, и не се враќа системот во употреба!? И сега, откако грозоморието со трговија со животи на Онкологија излезе во јавност, на министер за здравство му текна дека има систем што спречува крадење, па ќе се обидел да го вклучи!?” – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Јавоста не се смирува за громозрниот скандал кој е идентичен на геноцид. Изминатите денови се слушнаа многу потресни сведоштва и судбини. Пациентите и нинвите најблиски очајно бараат правда. Онколошките пациенти најавија протести и во иднина, како и понатамошни средби со обвинителство се додека не се расчисти случајот.

Ања Лукарова