Ќе имаме ли доволно пченица и масло за јадење?

Масло за јадење и леб ќе има  – но не се знае уште колку ќе поскапат. Ресорниот министер уверува дека не треба да се стравува од недостиг на храна иако земјоделците подолго време се жалат дека државата не им помага доволно, па дури и дека размислуваат да се откажат од производството.

Ако сакаме да имаме доволно храна за сите граѓани треба да ги мотивираме земјоделците. Со парите на граѓаните преку Интервнетниот фонд даваме поддршка за зелена нафта, за вештачко ѓубриво кои што ги мотивираат младите и земјоделците и фармерите да работат, вели Министерот Николовски.

И покрај ова, земјоделците велат дека едвај врзуваат крај со крај – цените на крајниот производ не ги следат екстремно поскапените трошоци пред се за ѓубриво и гориво.

„Лани најскапото ѓубре беше 1000денари, а сега најскапото е 3200„ вели земјоделец

„Нафтата 110денари, комбајнот за  жетвата ќе не чи 1000денари  од декар. Од хектар ќе ни требат 10.000. Кој земјоделец може тоа да го издржи?„ вели друг земјоделец од Карбинско.

Министерот се фали со рекордна откупна цена од 17.5 денари, но ова не е доволно дури ни за покривање на трошоците.

Испод 20 до 25 денари не смее да биде поевтино„ објаснува земјоделец од карбинско.

И покрај се надлежните уверуваат дека нема да се повтори сценариот од пред неколку месеци кога полиците во маркетите останаа празни, пред се без брашно и масло, а она што го имаше беше екстремно скапо.

Освен забраната за извоз на пченица, брашно и огревно дрво, како и укинатата царина за масло, Владата засега нема нови мерки.

Експертите подолго време предупредуваат дека се потребни конкретни и широки мерки кои би помогнале и на стопанството и на граѓаните.

Поврзани вести