Ќе остане ли Македонија без гас и струја? Премиерот и Владиниот тим работеле деноноќно и преговараат на сите страни околните земји да ни помогнат во набавка на струја и гас ама никако да договорат. И од Србија и од Турција се уште чекаме одговор, а за разговорите со Бугарија, ремиерот е надежен зошто гледал добра волја.

Ние разговаравме со 4 држави за обезбедување на енергенски и снабдување на Македонија. Со Бугарија разговаравме за билателарелн договор за поповолна цена под берзанските, тоа може да се направи единствено ако е со регулативите од Бугарија, состаноците се со добра волја, но мора да се почитуваат законските обврски, изјави Премиерот Димитар Ковачевски.

Бугарија се согласи да ни продаде  струја, ама не по цена која се надеваше власта туку по онаа на берзите што е двојно поскапа. Софија порача дека е подготгвена да ни излезе во пресрет, но за тоа да се реализира ќе требаат гаранции и пари од ЕУ кои засега ги нема.

Во меѓувреме, опозицијата пак нуди конкретни и прецизни планови како може да го обезбедиме она што ни недостига . Пеедлогот на Христијан Мицкоски е да се набави мазут по поевтина цена од онаа што се купува сега за ТЕЦ Неготино, а таа произведена електрична енергија да се даде на бизнисот. Вториот дел од предлогот е да се стават во функција капацитетите на ТЕТО кој ќе произведува топлинска енергија за Скопјани  и да се проба да се набави поевтин гас преку контактите кој тој ги нуди.

Моите контакти дадоја многу поевтина цена , тој ресурс кој ќе го користи ТЕЦ Неготино според нашите пресметки ќе резултира со цена на струијата, ако работи со две турбини не повеќе од 150 евра за мегават сат , ако работи со една турбина не повеќе од 200 евра за мегават ТЕЦ Неготино ќе го замени ТЕТО. ТЕТО ќе произведува топлина за потрошувачите во Скопје , но и тоа не е доволно бидејќи на ТЕТО ќе недостасува половина. Да се обидеме да најдеме гас, а тоа да не биде директно со ГАСПРОМ , ајде нашите позиции да видиме дали може да добиеме енергенс. Добивме понуди, цената на струјата која би се произвела во ТЕТО би била нешто над 200 евра, доколку топлината би била гратис, рече Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во гостување во „Студио 10“ .

Иако веќе една недела, Мицкоски бара да се сретне со Ковачевски за да му ги понуди своите можности, Претседателот на владата одбива да се сретне на тет- а –тет средба. Наместо тоа ќе го покани Мицкоски во среда на еконосмко – социјалниот совет во проширен состав. Мицкоски кажа дека ќе го одбие ова поради тоа што политиките на Советот не дале резултати ниту за Ковид пандемијата, и не очекува дека сега истите тие луѓе ќе понудат решенија.

Кристина Алексиеска

Advertisements