Ќе заседаваат највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седница на Извршниот Комитет на партијата. Подоцна во текот на денот ќе одржи и седница на Централниот Комитет, информираат од партијата.

На двете највисоки партиски тела ќе се разговара за актуелната политичка состојба, за претседателските избори и за барањето на партијата за предвремени парламентарни избори.

Ваквите заседавања доаѓаат по одлуката на СДСМ да го одложи конечниот став во однос на одлуката за предвремени парламентарни избори.

Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека Власта практично државата ја носи во голема безна.

По фијаското и целосната капитулација со името и промената на идентитетот, Владата гледаме се впушти во нова трка на лазење на јавноста со измислени бројки, сакајки да ја покрие целосната капитулација во економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.