Ќе биде пратен во Венецијанска: Власта ќе проверува дали има нешто спорно во забраната на „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“

Власта ќе проверува да не има нешто спорно во забраната за „Ванчо Михајлов“, „Цар Борис Трети“ и „Цар Фердинанд“. Законот со кој се забранува здруженија да се именуваат по докажани соработници на фашистичкиот режим и други спорни историски личности, би требало да биде пратен на оценка до Венецијанската комисија. Ова среде Софија ни го порача шефот на македонската дипломатија. Ќе предложел до Владата, да биде испратен на проверка, да се видело дали има нешто спорно во законот, кој едногласно беше изгласан во македонското Собрание.

-Ќе кажам јавно, тоа што се оспорени одредени прашања во самиот закон јас ќе предложам до Владата да го прати законот во Венецијанската комисија за таа да каже дали има елементи кои се спорни во тој закон или не, порача министерот за надворешни работи.

Ваквите изјави на шефот на македонската дипломатија предизвикаа бура реакции во јавноста. Според многумина ваквата реторика повеќе наликува да доаѓа од бугарска, а не од македонска страна. Поранешната пратеничка Лилјана Поповска, порачуда тој министерот за надворешни раоти мора да сфати дека е министер на македонско, а не бугарско министерство.

-Човеков пак ја згрешил државата, не е министер на Бугарија! Против е законот за здруженија, со кој сите партии се договорија да не се ставаат имиња на фашисти и др. лица што ги повредуваат граѓаните. Се согласил со бугарскиот министер дека со законов се правело дискриминација на Бугарите…Па ќе го праќал законот на рецензија во Венецијанска комисија!, напиша Лилјана Поповска.

Инаку, според новиот закон за здруженија се забранува клубови да се именуваат по спорни историски личности, а оние кои веќе се именувани, односно „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, имаат рок од три месеци да се преименуваат и да го прилагодат својот статут со новиот закон или повеќе нема да постојат.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести