Ќерката на Трамп можен нов претседател на Светска банка

Според информациите на „Фајненшал Тајмс“, ќерката на претседателот на САД Доналд Трамп, Иванка е кандидат за претседател на Светска банка. Како што се наведува таа би дошла на раководното место по заминувањето на сегашниот претседател Џим Јонг Ким.

Кандидатура за оваа престижна позиција достави и поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли. Во понеделникот, неочекувано Ким објави дека веќе нема да биде прв човек на Светската Банка, на повеќе од три години до завршувањето на неговиот втор мандат.

Како можни негови наследници се споменуваат и имињата на државниот секретар за меѓународни прашања во американското министерство за финансии, Дејвид Малпас и шефот на Агенцијата на САД за меѓународен развој Марк Грин.

Инаку, Иванка Трамп во 2017 година раководеше со фондот на Светска банка од 1 милијарда долари за промовирање на женски бизнис иницијативи.