Љутков: Шест години не е изградена ниедна културна установа – Турскиот театар стои во место

Голема невистина е дека во Македонија има нови капитални инвестиции во културата, како што на последната прес конференција се пофали министерката, вели актерот Зоран Љутков. Сведоци сме, вели тој, дека македонските културни установи со години не се оддржуваат, а едните исти ветувања само се повторуваат без ништо да биде направено.

  • „Ни една институција не е изградена во овие 6 години. Секоја година се предвидуваат средства за капитални инвестиции, но ништо од тоа не е реализирано. Видете го турскиот театар. Веќе 6 години стои така. Мислам дека претходната година му ставија само фасада, а тие најавија дека 2023 ќе го отворат, дека ќе има интериерно опремување, а не сме виделе дека се реализираат тие средства.“ – Изјави Љутков.

Ваквата реакција следи откако минстерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, на неодамнешната прес-конференција изјави дека се градат театри и има нови капитални инвестиции во секторот, што предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, со критики оти станува збор правдање, поради неуспесите на власта и на ова поле.

Актерот Љутков додава и дека фалбите на министерката, оти платите во културата се зголемени е само гол популизам оти власта, реално, нема добра волја. Колективниот договор и законот за минимална плата, ги обврза да ги зголемат платите, но затоа што беа приморани, вели Љутков.

  • „Но, што се случува, нешто многу важно, е дека тие немаат обезбедено средства за плати, туку ги кратат парите од програмските активности за да можеме да зимаме плата. Се фалат со тоа дека ги покриваат трошоците со струја и за комунални работи, авсушност, ги кратат парите за програмските активности. Што се случува. Имаме една многу чудна ситуација, каде што ние зимаме повисоки плати, а имаме помала продуктивност и помалку средства за реализација и а програмските активности.“ – Изјави тој.

Во јавноста имаше и бурни реакции по уривањето на објектот „Шар“ во старата скопска чаршија, кој беше заштитен како културно наследство од прва категорија, а со што се докажа непочитувањето на посебниот закон што се однесува на чаршјата.

Запрашан за коментар, актерот Љутков вели дека е разочаран и смета дека после ова, владата треба да си поднесе колективна оставка, бидејќи е недозволиво воопшто да не знае што се случува во културната сфера, и за реакција да се чека на опозицијата да алармира за состојбите.

Никола Цветкоски

Advertisements