„Јутарњи лист“: САД ја блокираа продажбата на израелски авиони на Хрватска

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја блокира продажбата на 12 израелски воени авиони од типот Ф-16 на Хрватска, пишува „Јутарњи лист“.

Како што е наведува весникот Администрација на Трамп наводно е „бесна“, бидејќи Израелците ги модернизирале старите авиони со современа израелска технологија, за да ја убедат Хрватска да ги купи нивните летала.

Американците тврдат дека Израел не смее да продава авиони без нивна согласност, особено не на тендер каде што и тие се пријавиле, наведува „Јутарњи лист“.

На тој начин, според весникот, продажбата вредна 500 милиони долари е доведена во прашање, бидејќи американски официјални претставници тврдат дека Израел бил неискрен и се обидел да заработи на сметка на САД.