Јувентус со моќно видео го најави мечот со Атлетико: Подгответе се…

Јувентус веќе подолго време го гради својот тим, поради што во клубот беше донесен и Кристијано Роналдо, а се тоа со една цел да се дојде до трофејот од Лигата на шампионите, но патот до таму оваа сезона е потежок од тоа што се очекува, со оглед на поразот во првиот осминафинален меч со Атлетико Мадрид, каде „Старата дама“ на гостински изгуби со 2:0.

Утре во Торино се игра реванш натпревар, а фановите и фудбалерите на италијанскиот шампион се убедени дека Јувентус ќе ја анулира предноста на шпанскиот тим и ќе се пласира во четврт финалето од најсилниот европски фудбалски турнир.

Со моќно видео на социјалните мрежи Јувентус го најави реванш натпреварот порачувајќи им на сите да бидат подговтвени за кам-бек.