Јувентус без Дибала до крајот на месецот

Аргентинскиот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала, е повреден и веројатно нема да може да игра до крајот на април, вели „Ла Стампа“.

Аргентинецот претрпе повреда на мускулот при поразот со 1:2 против Ајакс во Лигата на шампионите и речиси сигурно ќе ги пропушти следните два натпревари на „Старата дама“. Торинскиот тим ја пречекуваат Фиорентина во сабота, а на 27 април одат напосета кај Интер во „Дерби д’Италија“.

Аргентинецот, исто така, е под знак прашалник за градското дерби со Торино, кое е на почетокот на мај.

Дваесет и пет годишниот Дибала има 39 натпревари, 10 гола и 6 асистенции на сите турнири оваа сезона