ЈП Комунална хигиена: Вонредно чистење на улиците поради градежните активности, иако тоа не е наша надлежност

Засилена контрола на градилиштата, казни за непочитување на обврските на градежните фирми и вонредно метење и чистење на улиците најавуваат од Град Скопје по сторијата на ТВ Алфа.

Градот издаде налог до ЈП Комунална хигиена да интервенираат на терен со цел намалување на количината на прашината која се крева… На терен ќе делува и Инспекторатот велат од Град Скопје за Алфа.
Од Комунална хигиена најавуваат дека ќе интервенираат, ќе ги исчистат улиците и отпадот иако велат дека тоа не било нивна надлежност

Во моментов низ Скопје се гради на над 70 локации, најголем дел од нив за станбени објекти.
Граѓаните кои живеат во близина на повеќето градилишта се жалат дека ни инвеститорите ни надлежните не водат доволно сметка за заштита на локациите, но и за одлагање на сметот.

Во владиниот план за чист воздух стои дека државата ќе ја зголеми контролата токму во овој сектор, дека ќе се работи на воведување систем за одложување на отпадот од градежните објекти, но засега ништо од ова не е видливо на терен.

Јована Грчева