Јотова втор ден во Битола: „Синови на мајка Бугарија се закопани тука бидејќи народот Бугарите ги сметал за свои“

Синови на мајка Бугарија се закопани тука, затоа што народот Бугарите ги сметал за свои – Ваква порака упати Бугарската потпретседателка Јотова која со поранешниот претседател Прванов и уште неколкумина ванчомихајловисти од Битола со клечење на колена се поклонија пред бугарските гробишта во битолското село Цапари. Со интонирање на двете химни, македонската и бугарската, членовите на бугарските клубови беа претставени како почесни и тоа миротворци. Јотова порача, балканската историја била тешка, но колку подобро ја познаваме толку повеќе мирно ќе живееме.

  • ,,214 синови на мајка Бугарија останаа закопани тука пред толку години со голем хероизам заштитувајќи ја Црвената Стена. Нема посилна заповед ни од цар ни од генерал,  од заповедта која ти наложува да се бориш за своите браќа и за слободата на татковината. Живееме во многу тешки времиња и овде треба да си спомнеме и што кажуваат локалните жители. Многу луѓе се погребани тука затоа што за народот Бугарите беа свои. Нема поголема вистина од овие факти. Колку и страници да бидат напишани тоа е вистината”, рече потпретседателката на Бугарија Јотова.

Ништо помалку провокативен не беше ниту поранешниот претседател на Бугарија Георгиев Прванов. Според него бугарската војска водела праведни борби,за обединување во една национална држава.

  • И на други места има наши гробишта каде нашите сонародници ги положиле коските за бугарската идеја. Одавам признание и кон нашите пријатели сојузничките нации кои  дејствуваат овој споменик да биде зачуван како што остана тука во Република Северна Македонија. Тоа е израз на цивилизација кој треба да се пренесува на поколенијата за да можат нашите деца да ја помнат историјата и да ја пренесуваат натаму“, рече Прванов.

Мешатните од село Цапари не ги пречекаа бугарските гости, ниту се појавија на гробиштата. Настанот заврши со положување стари фотографии на Тодор Александаров, Ѓеорги Мончев, Иван Јосифов и четите на Чернопеев. И покрај се Јотова вчера порача дека не била дојдена да провоцира, туку да оддаде почит на Задушница. Доаѓањето во Битола на денот кога е ослободен градот од фашистичкито окупатор според неа не го разгорува јазолот помеѓу Скопје и Софија туку напротив, ги зближува двата народи.

Викторија Миткова

Advertisements