Јордан: Судир меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Аман

Стотици луѓе излегоа на протести во јорданската престолнина Аман против планираното зголемување на даноците и високата невработеност кај младите луѓе.

Дел од демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби солзавец против нив.
Ова е прв случај на судир меѓу демонстранти и полицајци, откако пред неколку недели во Јордан повторно почнаа да се одржуваат протести секој четврток.

Протестите пролетта доведоа до оставка на тогашниот јордански премиер Хани, а него го наследи економистот Омар Разаз. Тој вети дека ќе води политика подобра за населението, но неговата Влада е под притисок на меѓународните кредитори на Јордан за намалување на големиот буџетски дефицит.
Јорданската економија беше погодена од конфликтите во соседните Сирија и Ирак, кои доведоа до проблеми за бизнисот и прилив на бегалци.