Јорданов на гости кај најстарите браќа – желби и честитки за подобра и поуспешна Македонија

“Сите да сме живи и здрави! Да имаме држава и да си ја сакаме Македонија”порача стогодишниот  Ристо Насков, еден од двајцата најстари  жители на Штип. На првиот ден од годината на  најстарите браќа во Штип, гостин им беше градоначалникот на градот, Иван Јорданов.

 “ Да бидеме живи и здрави сите! Македонија да ни биде жива и здрава и да биде држава, а ние Македонци” порача Ристо Насков, вториот најстар жител на Штип.

“Нашиот татко сега во февруари ќе наполни 100 години. Има си ред. Си поспива и обавезно поедна чашка ракија на ден”- вели неговиот син Димче Насков.

Од оваа годинава освен  посетата на првото  родено бебе во болницата, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов традиционално ќе ги  ги посетува и најстарите жители.

 “Навистина едно прекрасно искуство е да се посети најстариот жител на Штип. Едно позитивно искуство и ја користам оваа прилика да им посакам многу здравје и среќа на сите жители. Општината да се развива и сите заеднички да го градиме и развиваме ова наше општество” – изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Двајцата браќа Симеон и Ристо Наскови од приградската населба Стар Караорман се едни од малкумината кои се  уште во прво лице може да зборуват за историските факти. Ристо е роден 1923, а неговиот постар брат Симеон 1920.

Ристо  успеал да се спаси од бугарската регрутација, но не и брат му Симеон. По три  години  служба успеал да да дезертира од бугарската армија.

 “Бев војник кај Бугарите, па потоа кај Србите”-раскажува 103годишниот Симеон Насков.

Минатото лето Алфа го посети домот на дедо Ристо. Додека седевме под дебелата ораова сенка овој  101 годишник ни раскажуваше за страдањата и крвопролевањата, за жртвите што сме ги дале во минатото, за денес да имаме држава.

Александра Ристевска

Advertisements