Јонуз: Македонија е веќе федерализирана држава

Македонија веќе е федерализирана држава, тврди поранешниот портпарол на Владата во време на една од поранешните гарнитури предводени од СДСМ, аналитичарот Агим Јонуз. Веќе го живееме основното обележје на федералните држави, кога ништо не може да се одлучи без согласност од другиот.

– „Формата ни ја чува НАТО, со тоа што ни ги гарантира границите. Меѓутоа внатре, ние го живееме оној сегмент на „Монти Пајтон The Meaning of Life“ – Внатре Си вежбаме држава. Поделеноста помеѓу албанците и македонците, за кое не треба повторно којзнае каква анализа за да се види дека одлучувачкиот фактор во Македонија никогаш не е монолитен, туку секогаш зависи од волјата или на Албанците или на Македонците. Никогаш не е еден корпус. Таа е федерализирана. Секогаш зависи од два гласа, никогаш од еден“ – Вели аналитичарот Јонуз.

Коментирајќи ја синоќешната журка на Груби, Јонуз вели дека се наредија командант до командант, се дигнаа во небо ликовите за кои сметаат дека не без нив не би постоело сонцето, а во меѓувреме, лебот ни најскап на Балканот.

– „Трошење пари по информации околу 100 илјади евра, сепак сметам дека е за задоволување на нечиј ега, хранење на нечиј ега, себе-величење за сопствениот успех кој не е еден, како носител, ако некој го направи сето тоа, тоа беше екипа, екипа не беше целосна на забавата, што значи дека ова беше приватна забава и ништо повеќе“ – Коментира Јонуз.

Според Јонуз, Македонија сеуште нема изградено нација, туку имаме едно општествено акцинерско друштво базирано врз етно-центристички партии, кои сами по себе си играат држава.

Никола Цветкоски

Advertisements