Јовановски: СДСМ ќе го казнат неопределените гласачи кои му дадоа поддршка на последните парламентарни избори

„Успеаја ли кандидатите да ги убедат неопределените?“ е денешната тема на „Отворено“ на Алфа телевизија. Гости на Искра Коровешовска се аналитичарите Арменд Нухиу и Зоран Јовановски, кој беше активист на „Шарената Револуција“, но според него нејзината идеологија не била спроведена.

-Јас сум прилично убеден дека оние неопределени кои што беа во очи на последните парламентарни избори неопределени, а кој што дадоа поддршката на СДСМ, очекувајќи ги оние принципиелни промени, а истите не се случија и јас сум дел од нив, очекувам да овој пат бидат остри кон СДСМ, очекувам овој пат да го казнат СДСМ, затоа што не го истера курсот кој што го ветуваше, изјави Јовановски.