Јовановски: СДСМ не успеа да задоминира кај Македонците и затоа се додворуваат кај Албанците

„Успеаја ли кандидатите да ги убедат неопределените?“ е денешната тема на „Отворено“ на Алфа телевизија. Гости на Искра Коровешовска се аналитичарите Арменд Нухиу и Зоран Јовановски, кој беше активист на „Шарената Револуција“, тој ја искоментира моменталната ситуација на СДСМ кај гласачите.

-СДСМ не успеа да најде начин како да задоминира кај македонската етничка заедница и тие се принудени да се додворуваат присилено кај Албанците. Сега прокламираат заедно напред, мора да влеземе во ЕУ и НАТО затоа што е кревок мирот, кревка е стабилноста, изјави Јовановски.